Хамас: Нема да преговараме за заложниците додека не завршат борбите
Палестинското милитантно движење Хамас денеска повтори дека додека не завршат борбите, нема да преговара со Израел за ослободување на заложниците.
Шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, изјави дека за тоа биле информирани сите кои контактирале со групата во врска со ослободувањето на заложниците, пренесува Би-би-си.
-Ги известивме сите страни кои не контактираа во врска со непријателските затвореници дека ова досие нема да биде отворено пред крајот на конфликтот и ќе биде само по цена што ќе биде прифатлива за нас, рече тој.
Хамас вчера соопшти дека ќе ги егзекутира заложниците како одговор на израелските напади во Појасот Газа за кои рече дека биле извршени без предупредување.
Израел проценува дека Хамас држи меѓу 100 и 150 луѓе во Газа кои беа киднапирани од јужен Израел во саботата.
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски