-->
-->
Хаќим Рамадани: Од денес сум невработен, барам работа само во приватни компании
-->
Хаќим Рамадани кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од Коалицијата „Вреди“ кој досега ја извршуваше функцијата директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, преку социјалните мрежи објави дека од денес е без работа и дека бара вработување исклучиво во приватниот сектор.
На локалните избори, Рамадани не успеа да победи – неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски, освои повеќе гласови и ќе ја преземе функцијата градоначалник на Брвеница.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно најави дека Рамадани ќе биде разрешен и од директорската позиција во Инспекторатот.
„Од денес сум невработен. Сум дипломиран економист и барам работа само во приватни компании“, напиша Рамадани на социјалните мрежи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

За еден месец “Клексан” во аптека со рецепт
-

Македонија одбележа 25 години од резолуцијата 1325 на ОН - „Жени, мир и безбедност“
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Гласајте по сопствено убедување
-

Серија проекти и мерки по изборите
-

Сиљановска: Жените да бидат вклучени во процесот на одлучување
-

Заплениети 130 килограми марихуана на Табановце
-

Неопходна е стратегија за спас на Преспанското езеро
