Гувернерот на рускиот град Белгород: Гори енергетска централа врз која дрон фрли бомба
Гувернерот на рускиот Белгородски огруг Вјечеслав Гладков утринава соопшти дека во овој регион избувнал пожар во енергетска централа, потврдувајчи дека пожарот бил предизвикан од бомба фрлена од дрон.
Гувернерот тврди дека во нападот нема повредени, а објектот не е оштетен.
Проукраински сили, составени од руски бунтовници, веќе неколку недели вршат диверзантски акции во Белгородската област.
Во последниот вчерашен напад на овие руски партизани биле заробени неколку руски војници, кои, наведуваат овие проукраински сили, ќе им ги предадат на украинските власти.
Рускиот волонтерски корпус ова го соопшти преку видео порака на каналот Телеграм, откако претходно беше нападнато село во руската Белгородска област.
Корпусот, заедно со борците од руската Легија на слободата, ја презеде одговорноста за серијата напади на руска територија, вклучително и нападот минатата недела во кој Москва соопшти дека двајца цивили биле убиени за време на борбите.
Ново на Сител
-
Имами од Тетово бараат повлекување на разрешувањето на муфтијата Ќани Несими
-
Прес-конференција на ВЛЕН
-
Охрид преполн со гости
-
Доброволци од Скопје на помош во Светиниколско
-
Коњаниците пристигнаа во Крушево
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Aктивен пожарот во Пехчево, се делува со сите расположливи капацитети
-
Aктивни пожари во Светиниколско