Loading Video...
Свет
1. August 2024 - 16:41

Преглед на вестите од светот

Украина ги доби првите борбени авиони ф16 што со месеци ги бараше од западните сојузници. Украинската армија тврди дека ф16 се клучни за одбрана од контунуираните руски ракенти напади. Засега не се знае колку авиони се дел од првата испорака, ниту пак кои земји ги испратиле. Ф 16 има топ од 20 милиметри а може да се истрела бомби, ракети  и  проектили.  Може да лета  со двојно поголема брзина од звукот и да патува повеќе од 3200 км пред да наполнат гориво.  Пред еден  месец, 20 украински пилоти  завршија обука за ф 16 во Соединетите држави. Руските сили се подгтотвени да ја соборат првата  пратка ловци  порача  Кремљ.

„Бројот на тие авиони постепено ќе се намалува, ќе бидат соборени, уништени. Но, овие залихи нема значително да влијаат на динамиката на настаните на бојното поле, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Иран одржа погребна церемонија на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије, чие убиство во Техеран ги зголеми стравувањата од регионален конфликт.Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи ги водеше милотивите за Хание а толпата скандираше смрт за Изарел и смрт за Америка. Ханије ќе биде погребан утре  во Катар.  

Ајалотолахот Али Хамнеи вети  дека ќе  следи силна  одмазда за убиството на Ханије, обвинувајќи  го Израел за атантатот.  Според пишувањата на Њујорк Тајмс,  Иран разсмилува со беспилотни летала и проектили да погоди  воени цели во Тел Авив и Хаифа. Израел засега без  коментар  дали стои зад атентатот врз Исмаил Ханије , но утрово  се пофали дека на 13 јули во појасот Газа   го елиминирале  воениот лидер на Хамас, Мохамед Деиф,  објавувајки видео од нападот.

Ден пред атнататот врз политичкиот лидер  на ХАмас, Израел изврши воздушен  напад врз  либанскиот главен град, Бејрут, при што беше убиен  висок по ранг командат  на ХЕзболах  Фуад Шукур. По убиствата на политичкиот лидер на Хамас во Иран и високиот по ранг командант на Хезболах во Либан, Советот за безбедност на ОН одража итна седница и  повика на максимална воздржаност на сите страни и избегнување на ескалација на состојбата на Блискот Исток.