Украина ги добила првите борбени авиони Ф-16 кои ги бараше со месеци, тврдат американски претставници
Украина ги доби првите суперсонични повеќенаменски борбени авиони Ф-16 што ги бара со месеци за да се спротивстави на руските ракетни напади, потврди американски претставник за американските медиуми.
Киев со месеци бара од своите западни сојузници авиони Ф-16, тврдејќи дека тие се потребни за соборување на проектилите што се истрелуваат од Русија врз украинска територија.
Авионите Ф-16 се специјализирани за потиснување на противвоздушната одбрана на непријателот. Западот не сакаше да го снабдува Киев со овие авиони, плашејќи се дека вооружувањето на Украина со напредно оружје дополнително ќе ја ескалира војната со Русија.
САД, исто така, обучуваат украински пилоти да летаат со Ф-16. Првата група пилоти успешно ја заврши обуката.
На самитот на НАТО во Вашингтон во јули, украинскиот претседател Володимир Зеленскиј ги притисна сојузниците да ги отстранат сите ограничувања за употребата на оружјето што Киев ги доби од Западот и пред се да и дозволат на Украина да го користи тоа оружје за напади врз поголем број цели во Русија.
Засега не се знае колку авиони Ф-16 пристигнале во Украина во првата транша, ниту пак кои земји ги обезбедиле.
Украинската влада засега не потврди дека ги примила авионите.
Американскиот претседател Џозеф Бајден одобри испраќање американски борбени авиони во Украина во август 2023 година, по неколкумесечниот притисок од Киев и внатрешната дебата во американската администрација, чии претставници стравуваа дека потегот може да ги ескалира тензиите со Русија.
Четири членки на НАТО – Белгија, Данска, Холандија и Норвешка – ветија дека ќе и дадат на Украина повеќе од 60 авиони. Тој број е помал од руската борбена флота, која се проценува дека е околу 10 пати поголема.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј
-
Американски доктори бараат хлорокинот и ивермектинот да се купуваат без рецепт
-
Скопјанец баран со меѓународна потерница издадена од Австрија уапсен во Тирана
-
Претреси во Пробиштип и пробиштипско, пронајдена дрога и други предмети
-
Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра
-
Пред куќата на убиствата во Прилеп полицијата имала престрелка со убиецот