Груевски: СДСМ продолжува со подмолни лаги и манипулации
Во немоќ да ме победат на чесен и достоинствен начин на избори, СДСМ продолжуваат со подмолни обиди, лаги и манипулации да создадат мислење за мене дека нешто сум манипулирал со средствата прикажани во анкетниот лист, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во писмената реакција на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
Груевски уште еднаш демантира дека од 2014 до 2015 година месечно заработувал по 10 илјади евра и нагласува дека остварените приходи во последните години му се од платата и каматите од депозити од претходните години.
- Во врска со вчерашната и денешната прес-конференција на Шилегов, од она што може да се види е дека Шилегов говори за анкетни листови од 2014 и 2015 година, а заборавил дека во 2015 воопшто немам поднесено анкетен лист бидејќи немаше избори во таа година. Анкетен лист имам поднесено во 2016 година. Значи друг пат кога сака да манипулира, треба барем технички да види кога се поднесуваат анкетни листови. Наместо со анкетни листови од 2014 и 2015, тој мавташе и ги споредуваше анакетните листови од 2008-ма и 2014-та, вели Груевски.
Со секој свој нов настап, додава Груевски во реакцијата, СДСМ секојдневно потврдува дека раководството на партијата нема капацитет за конструктивно работење во полза на народот.
Ново на Сител
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“
-
Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вице премиер
-
Првиот приватен универзитет во Македонија АУЕ–ФОН одбележува 22 години од основањето
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ
-
Мицкоски: Не смееме да заборавиме – криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите
-
„Најголема енергетска инвестиција во последните 10 години“ - Почнува изградбата на интерконекторот со Грција
-
Таравари со една нога надвор од Владата