Груевски ја посети старата струмичка чаршија: Досега се обновени фасади на два објекти со стара градска архитектура
Две фасади во старата струмичка чаршија се завршени како дел од Програмата на Министерството за култура и НУ Завод и музеј Струмица за обнова на фасадите во старите градски јадра. Ова го изјави директорт на струмичкиот музеј Зоран Рујак кој денеска ги пречека министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој додаде дека во подготовка се проекттите за нови две фасади.
Ова го изјави директорт на струмичкиот музеј Зоран Рујак кој денеска ги пречека министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој додаде дека во подготовка се проекттите за нови две фасади.
-Досега се завршени фасадите на Архивот во Струмица и овие две во чаршијата. Ги подготвуваме проектите за нови две фасади од ова подрачје, кое во моментов ни е во приоритет, рече Рујак.
Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска очекува скора реализација на овие проекти.
– Во консултација со раководните лица на Музејот, договоривме годинава да ја завршат проектната документација и во септември да ја почнат тендерската постапка, за да може да почне со реализација од септември идната година, рече Канческа Милевска.
Меѓу поголемите проекти е новата музејска поставка која ќе биде отворена во мај.
– Станува збор за комплетно нова музејска постапка, нов ентериер, нови витрини, нов графички дизајн и поставување на артефакти кои ни се откриени во долгогодишната археолошка работа, а досега не биле на очите на јавноста. Во крајот на мај, поставката ќе биде свечено отворена, рече Рујак.
Струмичкиот завод интензивно работи на реконструкција на стариот театар, кој надлежните очекуваат да е готов до септември.
– Динамиката на работа е одлична. Во моментов поставуваме сценска механизација, ставаме фасада, треба да го средиме фоајето и други детали. Веќе ја спремивме и првата претстава, очекуваме да биде одиграна во септември кога и свечено ќе го пуштиме театарот, рече Рујак.
Годинава, Струмичкиот музеј ќе го чисти и фреско-живописот на црквата во Вељуса, оштетен уште за време на Втората балканска војна, потоа ќе подготвува предисториска наколна населба во Стар Дојран со 4 праисториски објекти и една мандра. Стручните екипи во Завод и музеј Струмица, ја подговуваат и Монографијата за Цареви кули, капитално дело од 700 страни, а годинава треба да ја завршат северната кула на овој објект во кој ќе градат и средновековна куќа.
– Овие проекти се дел од нашата програма и ние и понатаму ќе почнеме со имплементација на она што е планирано и ветено, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски кој ја посети старата струмичка чаршија и се информира за текот и активностие на Националната установа Завод и музеј Струмица.
Во наредниот период во Струмица е предвидено и осовременување на Галеријата на икони „Св. 15 тивериополски маченици“, која е една од најбогатите и највредни во југоисточниот дел од државава, и реконципирање на постојаните поставки во Спомен-куќата на Благој Јанков-Мучето и во Староградската куќа (Турска пошта).
Проектот за осовременување на комплексната постојана поставка се реализира во рамките на активностите на Министерството за култура за воспоставување постојани поставки во националните музеи од сите области: археологија, историја, историја на уметноста, етнологија, современа уметност и природонаука. Преку овој повеќегодишен проект предвидено е нашите музејски институции да добијат најрепрезентативни постојани музејски поставки, атрактивно конципирани простори кои ќе имаат современи облици на презентација на музејските експонати и кои ќе овозможат интеракција со посетителите.
Ново на Сител
-
Четвртфинале во Лигата на нации: Холандија ја чека Шпанија, Данците одат на Португалија
-
Амал Клуни со битна улога во издавањето меѓународна потерница против Нетањаху
-
Свештеникот кој дозволи снимање спорен спот во црква, расчинет поради проневера
-
Контролирана експлозија кај амбасадата на САД во Лондон, евакуација и на аеродромот Гетвик
-
Во Лондон евакуација на домаќинства поради радиоактивен отпад пронајден во вреќи
-
Започнаа сослушувањата во Обвинителството на уапсените за трагедијата на железничката станица во Нови Сад
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи состанок на 26 ноември поради рускиот напад со експериментална хиперсонична ракета
-
69 - годишна жена е жртвата во синоќешната собраќајна несреќа во Чаир