Фудбал
22. November 2024 - 14:11

Четвртфинале во Лигата на нации: Холандија ја чека Шпанија, Данците одат на Португалија

Европскиот шампион и победник во Лигата на нации на УЕФА, Шпанија ќе игра против Холандија во четвртфиналето на најмладото натпреварување на УЕФА како гостин на 20 март, а потоа како домаќин во реваншот на 23 март 2025 година.

Второто дерби ќе го играат Италија и Германија, Хрватска повторно ќе ги вкрсти копјата со Франција, додека Данска за ривал ја има Португалија.

Победниците ќе се квалификуваат за завршниот турнир кој ќе се одржи од 4 до 8 јуни 2025 година, а домаќинот ќе биде одреден по четвртфиналните натпревари кога ќе бидат познати сите учесници.

Она што се знае се потенцијалните полуфинални двојки: Италија/Германија – Данска/Португалија или Холандија/Шпанија – Хрватска/Франција.