Груевски: Го продолжуваме делото со економски раст и интеграции

Премиерот Никола Груевски во своето обраќање по повод Илинден, пред граѓаните посочи дека Владата ќе продолжи да работи за повисок економски раст и за интеграциите.
-Ние имаме дадено ветувања пред Вас.Нема скршнување и од нашите ветувања, дадени пред народот. Тоа е, и тоа мора да остане фокусот. Се друго е споредно. По некоја грешка имало и ќе има. Но, покажавме дека имаме доблест да признаеме грешка и да ја корегираме. Да го следиме пулсот на нашиот народ. Денес ние ја имаме одговорноста да работиме за нашиот народ и ние таа одговорност ќе ја оправдаме. Економскиот раст, зајакнување на стандардот на граѓаните, изградбата на нови капитални дела, реформите во секоја област за унапредување на секој стандард, интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО се следниот Илинден кој го сонуваме, за кој работиме, кој го очекуваме и кој ќе го оствариме. Затоа што ние знаеме дека тоа го заслужуваме и дека сме кадарни тоа да го оствариме. Оваа, нашата генерација, истакна Груевски.
Тој порача: Да живее 2 август –денот на двата Илиндена! Да живее споменот на Илинденското востание и АСНОМ! Да живее слободна, демократска, независна и суверена Република Македонија! Да живее европска Македонија!
Ново на Сител
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
-

Депонијата Буково канцерогена бомба
-

Костенот едно од традиционалните бележја во Македонски Брод
-

Преглед на вестите од светот
-

Поплави во југозападна Македонија – Жителите најавуваат тужби за штетите
-

Тема на денот со Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците
-

Три години казна затвор за Асани во случајот со Веапоска
-

Мицкоски од Тирана: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена
