Груевски го прекинува летниот одмор, се враќа во Македонија поради настанатата ситуација
Поради настанатата ситуација со силното невреме кое го зафати скопскиот регион вчера, а кое според последните информации однесе 20 животи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го прекинува летниот одмор и се враќа во земјава.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ го прекинува летниот одмор во Турција и се враќа во Македонија со цел да помогне во справување со тешките последици од невремето кое вчера ја зафати Македонија од досега невидени размери.
Предвидено е веднаш по пристигнувањето Груевски да се упати на најкритичните места погодени од поплавите и директно на терен да ја согледа ситуацијата.
Вицепремиерот Тодоров денеска изјави дека договорено е да се отпочне веднаш со правење на комисии за проценка на штетата од невремето. Тодоров потенцираше дека ќе предложат до Владата прогласување на кризна состојба во траење од 15 дена во скопскиот и тетовскиот регион.
Според информациите Владата закажала вонредна седница во 16:30 часот, по што се очекува да биде прогласена кризна состојба.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис