Груевски: Досега отпишани 25 милиони евра долгови на 13.100 баратели
Проектот за отпис на долгови е во длабока фаза и веќе се отпишани долгови на 13.100 баратели во вредност од 25 милиони евра, а дополнителни 1.500 барања се во процес на разработка и се надеваме дека за кратко време и тие ќе бидат прифатени со што ќе станат приближно 15.000 барања до завршувањето на овој процес, изјави денеска во Дојран премиерот Никола Груевски.
- Процесот успешно се одвива, 25 милиони евра да им се опростат на луѓе од ранливи категории коишто имаат сериозни тешкотии да си ги платат долговите е навистина сериозна помош за тие луѓе и за тие семејства. Од тој аспект она што го ветивме на изборите минатата година можам да кажам дека веќе 90 отсто е реализирано, а останатите 10 отсто ќе бидат реализирани во наредните недели и месеци, рече Груевски во изјава за медиумите при денешната посета на Дојран.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-
Активности на македонската делегација во Њујорк
-
Предизборие: Критики за опонентот, пофалби за своите кандидати
-
За еден ден МВР приведе 5 лица за подметнување пожари
-
Речиси тројно е зголемен бројот на лица со деменција во Македонија
-
Премиерот бара повеќе кошници и контроли
-
Македонија до декември ќе ги исполни условите за роаминг како дома
-
Партиите со различни оценки за земјоделството