Груби: Во Собранието има два табора – еден про-ЕУ и втор кој води во изолација
Во Собранието има два табора – еден про-ЕУ и друг кој не води во изолација, па пратениците треба да се определат дали се за продолжување на патот на Северна Македонија кон ЕУ и кон стабилност или кон несигурност, изјави попладнево првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Во врска со обвинувањата на опозицијата дека „некој од власта му се заканувал“ на пратеникот Кастриот Реџепи од Беса, кој преку Фејсбук најави дека решил да не учествува на денешната седница на Собранието на која треба да се гласа по Иницијативата за недоверба на Владата не премиерот Зоран Заев, Груби истакна дека тоа не е вистина.
– Не е точно, не е вистина. Кастриот секогаш беше ориентиран про-ЕУ, про-НАТО, кон пријателството со САД. Ми беше колега во Холандската амбасада, сме работеле заедно и ги знам неговите убедувања дека неговото срце спие во Вашингтон и во Брисел, изјави Груби за ТВ21.
Прашан дали некој претставник на Владата од ДУИ или од СДСМ имал контакт со Кастриот Реџепи, Груби одговори дека тој не контактирал со него.
– Не можам да тврдам, јас не, изјави Груби, кој е и генерален секретар на ДУИ.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел
-
Трет ден конфликт меѓу Израел и Иран, Трамп и Путин ја оценија состојбата како „многу алармантна“
-
Кочани на приоритетната листа за министерот за здравство - Алиу вели дека нема да оперира, туку ќе менаџира со системот
-
Процесот на рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани е долг, скап и макотрпен
-
Обвинителството им стои на располагање на семејствата на жртвите
-
Зајкова бара собраниска седница зад затворени врати за престојниот НАТО Самит