Груби: Училиштето кое до вчера ги бркаше Албанците, денес е 100 отсто албанско
Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на партијата Али Ахмети, во својот пост на Фејсбук за преименувањето на училиштето „Никола Вапцаров“ во „Имри Елези“, припадник на ОНА кој загина во војната во 2001 година, констатира дека „на крајот, народот и правдата, секогаш извојуваат победа“.
Груби пишува дека училиштето во кое предавала мајка му, а тој учел и во кое сега таму се образуваат и неговите деца, конечно е 100 отсто албанско.
„Мајка ми, учителка, беше дел од училиштето уште од првиот ден од основањето, заедно со тетка ми, сопругот на тетка ми, кој веќе е починат и беше првиот од албанските учители што го избркаа заедно со многу други.
Мајка ми се пензионираше во истото училиште каде ги виде и ги доживеа сите предизвици на системот заедно со другите наставници, но сите тие не запреа и израснаа многу здрави генерации.
Ардијан, мојот постар брат, Ветон, мојот помал брат, јас, мојата ќерка Хера до вчера, мојата втора ќерка Јуна од годинава, ние сите сме дел од генерациите на тоа училиште со многумина од моето семејство и пријатели.
Тоа училиште чиј директор до вчера беше Трајко, денес ја има Мерита, до вчера ги бркаше Албанците, денес е 100 отсто албанско, вчера се викаше „Никола Вапцаров“, денес се вика „Имри Елези“, име на ученик на ова училиште, паднат борец!
Каков е овој живот, на крајот, народот, правдата, секогаш издвојува победа!“, напиша Груби.
Ново на Сител
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници
-
Розов пикник појадок за поддршка на жените со рак на дојка
-
Заедничка балканска промоција
-
Технолошки парк „N99“ почетокот на една нова ера