Груби: Скопје и Софија треба да ги надминат несогласувањата, а Софија да дозволи почеток на пристапните преговори
Македонија и Бугарија треба да ги надминат несогласувањата, а Софија треба да дозволи Скопје да ги почне пристапните преговори со ЕУ, вели првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.
– Македонија и Бугарија треба да ги надминат несогласувањата, а Бугарија треба да се согласи со одржувањето на првата меѓувладина седница по што ние сме обврзани да ги спроведуваме сите предвидени правила од добрососедскиот договор со Бугарија. Така што, ова е билатерално, значи ние треба да го спроведеме договорот, Бугарија треба да дозволи одржување на оваа меѓувладина седница и да започнат преговорите во духот на доброто пријателство, рече Груби на новинарско прашање коментирајќи ставови на Захариева во интервјуто за Велт на заедничката прес-конференција со вицепремиерката на Р Косово, Албулена Балај Халимај.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија
-
Транспортерите од Западен Балкан чекаат по 10 часа на граница за влез во Унијата