Грозоморно: Очув силувал 2-годишно девојче, мајката го брани монструмот

Маж од околината на Бјеловар е приведен под сомнение дека сексуално злоставувал и тешко повредил двегодишно девојче, кое неговата сопруга (20) како малолетничка го родела во претходна врска.
Девочето е прегледано на педијатрија, а потоа и на одделението за гинекологија, каде повредата хируршки е обработена и детето е надвор од животна опасност. Осомничениот е притворен на месец дена поради опасност да влијае врз сведоците.
Ова незапамтено злосторство, се дозна во четвртокот кога мајката и очувот го донеле детето во бјеловарската болница. Таму го превезол сосед кој на новинарите од „Бјеловарски лсит“ им раскажал дека мајката тврдела дека детето паднало по скали.
Околносите се истражуваат од страна на сите надлежни институци за социјална помош и права на децата, како и полицијата. На местото каде живее 20-годишната жена и нејзиниот сопруг со невереување ја коментираат веста за наводно сексуално злоставување на бебе.
Некои мештани тврдат дека во семејството веќе имало насилство и дека едно дете веќе им е одземено и сместено во дом за згрижување на малолетници.
Ново на Сител
-

Шведска со порака: Уставните измени мора да се спроведат
-

Ден на даночните работници
-

АДКОМ и РКЕ со иницијатива за нов тарифен модел за водните услуги
-

Да не дозволиме попреченоста да го дефинира човекот како личност
-

Преглед на вестите од светот
-

Mицкоски: Градинките и училиштата ни се приоритет, наместо платите на судиите и обвинителите
-

Teма на денот со Лилјана Поповска, поранешна пратеничка
-

Пет ученици се хоспитализирани од О.У „Димо Хаџи Димов”, причината за симптомите ќе се знае утре
