ГРОМ е за мнозински изборен модел со отворени листи
Евентуална промена на изборниот модел е од суштинско значење за функционирањето не само на Собранието на Република Македонија, туку и на сите влади во иднина, изјави на денешната прес-конференција организациониот секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) Љупчо Пренџов.
- Од тие причини сметаме дека евентуалната промена на постоечкиот изборен модел од шесте изборни единици треба да биде во мнозински изборен модел со отворени листи. На тој начин, луѓето со највисок кредибилитет кај граѓаните независно дали се членови или не на политичка партија ќе влезат во Собранието, рече Пренџов.
Тој систем, според ГРОМ, директно го подигнува квалитетот и кредибилитетот на Собранието.
Пренџов на прес-конференцијата праша како тоа за Зоран Заев трипати по ред да стане градоначалник на Општина Струмица не му пречеше мнозинскиот изборен модел, а сега му пречи, не му пречеше што нема направено попис, а сега тоа му пречи.
- Сметаме дека ниту една партија, чесна во своите намери не треба да се плаши од изборот на граѓаните на Република Македонија, рече организациониот секретар на ГРОМ Пренџов.
Ново на Сител
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација