ГРОМ бара распуштање на Парламентот и поништување на договорот од Пржино
Распуштање на парламентот и поништување на договорот од Пржино. ГРОМ на Стевче Јакимовски бара Груевски и Ахмети да ја преземат одговорноста во свои раце. Избори на 24 април мора да има, тое е единстевниот излез од политичката криза. Според Јакимовски владејачката партија направила се за да се надмине кризата.
Повлечени се тројца клучни функционери, прифатен е изборен законик онаков каков што сакал Заев, жртвувана е дијаспората, формирано е сепцијано јанво обвинителство, обезбедени се финанаси за него, во владата влегоа министери кои имаат не технички туку полни овластувања, формирана е анкетна комисија, претседателот и генералниот секретар на ДИК се од опозицијата, премерот понуди оставка.
А за возврат на ова СДСМ ги врати само парламентарците во собрание, тврди лидерот на ГРОМ.
Заев не може да ја држи цела нација во заложништво, страда стопанството и економијата а со неговите потези се проблабочува кризата, вели Јакимовски.
Јакимовски смета дека избирачкиот список може да биде прочетсен до 24 април во спротивно ДИК веднаш теба да си поднесе оставка.
-
Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар