Грејната сезона почнува на 15 октомври, но ќе почне од 1 октомври доколку температурата е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови
Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, грејната сезона во Скопје започнува на 15 октомври 2025 и завршува на 15 април 2026 година.
Но, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, тогаш грејната сезона може најрано да започне од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април, потсетува Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
-Систем операторот за пренос на гас НОМАГАС најави дека оваа година поради ремонтни активности на регионалните транспортни системи за пренос на природен гас и гасоводот Турски тек се очекува од 13 до 17 октомври да има прекин во испораката на природен гас кон потрошувачите во земјава, соопшти РКЕ.
Потсети дека сигурноста во снабдувањето е примарен интерес и дека законската регулатива овозможува во услови на прекин на испорака, операторот со природен гас НОМАГАС да може да изврши навремено полнење на цевката и количината да ја распредели соодветно во критичните денови за корисниците кои се греат на топлинска енергија.
-Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степен Целзиусов. РКЕ апелира до станарите, односно заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите, и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници со цел грејната сезона да започне без проблеми, порачуваат од Регулаторната комисија за енергетика.
МИА
Ново на Сител
-
Поранешната антикорупционерка Татјана Димитровска седна на обвинителна клупа
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Струга и Ресен
-
Шукова: Вардариште ќе биде модерна европска претоварна станица
-
Османи ветува одлучна борба со корупцијата во Чаир
-
Меџити: Нови училишта и градинки во Чаир
-
Падот на наталитетот е сериозен проблем и прв приоритет на владата
-
Протест на вработените во „Паркови и зеленило“
-
Продолжи судењето за таткото што претепа двајца малолетни фудбалери на ФК „Брегалница“ - Штип