Грција се договорила со кредиторите за пакет реформи

Европската комисија соопшти дека Грција постигнала договор со своите меѓународни кредитори за пакет реформи.
Комисијата соопшти дека Грција ќе ги претстави реформите на состанокот на министрите за финансии од еврозоната - Еврогрупата, на 24 мај и ќе ги спроведе реформите пред другата средба на 21 јуни. Не се соопштени повеќе детали.
Грција е на пат да излезе од должничка криза, која ја турна земјата во најголемата финансиска криза досега. Атина од 2010 година доби рекордни 260 милијарди евра.
Грчкиот министер за финансии Еуклидис Цакалотос соопшти дека Грција и претставниците на нејзините кредитори постигнале прелиминарен договор за напредокот на земјата по пат на реформи, за време на последниот преглед на договорот за спас.
- Договорот на ниво експерти е завршен. Имаме согласност за сите прашања, изјави Цакалотос додавајќи дека договорот ќе биде одобрен на претстојната средба на Еврогрупата.
Ново на Сител
-

Тешка несреќа во „Survivor“ Грција: Натпреварувач остана без нога, шоуто прекинато
-

Лишен од слобода возачот кој со товарно возило вчера удри пешак на патот Прилеп-Градско
-

Спречено мафијашко убиство во Скопје: Уапсен Србин кој подготвувал ликвидација
-

ОН: На светот му се заканува масовен глад доколку веднаш не се отвори Ормуската Теснина
-

Мицкоски на Самитот на Македонија 2025: Поврзување на државата за поголем економски раст
-

Оклахома ги елиминираше Лејкерси и се пласираше во полуфиналето на плејофот
-

Сончево и ветровито време, попладне можен пороен дожд и грмежи
-

Кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица, организирале набавка и продажба на кокаин
