Македонија
25. March 2016 - 15:05

Грција го одбележува Денот на независноста

Со воена парада во Атина и студентска парада во Солун, Грција денеска ја прославува годишнината од војната во 1821 за независност од Отоманската власт.

На парадата во Атина беше присутен целиот грчки државен врв, лидерите на политичките партии, а претседателот Прокопис Павлопулос положи и венец на гробот на незнајниот јунак.

- Сите Грци мотивирани од идеалите на демократијата имаат должност, сега повеќе од кога било, да ги стават на страна сите разлики кои можеби ги имаме за доброто на интересите на народот и нашиот народ да создаде обединет фронт на заедничка одговорност со цел успешно да се спротивстави на големите предизвици на времето и да се обезбеди подобра иднина на Грција и на помладите грчки генераци, рече Павлопулос во своето обраќање.