-->
-->
Грција денеска го презема претседателството во Советот на Европа
-->
Со централна тема и состаноци прилагодени на моменталната ситуација поради пандемијата со Ковид-19, Грција денеска го презема претседателството со Советот на Европа, а манифестацијата на примопредавањето ќе се одржи на далечина, преку интернет.
Заштита на човечките животи и јавното здравје во услови на пандемија –ефективно управување со здравствена криза со целосно почитување на човековите права и принципите на демократијата и владеењето на правото, ќе биде централната тема на шестмесечното грчко претседателство до 18 ноември 2020 година, јави дописничката на МИА од Атина.
Денеска напладне, Грција ќе го презеде претседателството од Грузија, а на онлајн манифестацијата ќе присуствуваат алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, кој ќе биде и претседавач, шефот на грузиската дипломатија, генералната секретарка на Советот на Европа, претседателот на парламентарното собрание, претседателот на Европскиот суд за човекови права, комесарката за човекови права, постојаните претставници на 47-те земји членки, како и претседателите на други институции на Советот на Европа.
На денешниот настан, Варвициотис ќе ги презентира приоритетите на претседателството, кои пред три дена ги претстави пред новинарите во Грција.
На онлајн прес конференцијата во вторникот, рече дека се воведува и „E-Chairmanship“, односно состаноци и активности ќе преку видеоконференции, барем до септември, поради ситуацијата со Ковид-19.
Иако првично биле планирано грчкото претседателство да се задржи на други теми, како што објасни Варвициотис на 9 март во Стразбур веќе ги презентирал приоритетите за кои Грција се подготвувала од минатата есен, сепак пандемијата наложила, во изминатите два месеци целосно да се променат темите.
Освен централната тема, за време на шестмесечното претседателство ќе стане збор и за младите и новите генерации, децата и децата бегалци без придружба, заштита на културното наследство од климатските промени, насилството врз жените итн.
Централниот настан на претседателството ќе биде 70-годишнината од потпишувањето на Европската конвенција за човекови права и на 4 ноември 2020 година, планирано е во Атина да се одржи 130-от министерски самит.
Во рамките на грчкото претседателство, планирано е на есен да се одржат министерски самити за правда и за образование.
Првиот, посветен на независното судство и владеењето на правото, со учество на министрите за правда.
Мониторинг за проучување на историјата во рамките на Советот на Европа ќе биде една од темите за кои ќе дискутираат министрите за образование на втората конференција, исто така планирана за на есен.
-За нас е особено важно, особено во соседството во кое што живееме, кое што произведува повеќе историја отколку што може да консумира, како што карактеристично велат некои аналитичари, да постои орган за мониторинг за проучувањето на историјата во наставата. Такво нешто би ни помогнало во прашањата што ги имаме со соседите, во решавањето на билатералните теми, рече Варвициотис, на прес конференцијата во вторникот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Амандманската комисиска расправа за ребалансот на буџетот почнува в понеделник
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина
-
Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани
-
Советот на јавни обвинители најави забелешка на три алтернативни членови на Предлог законот за Совет на ЈО со кои се врши депрофесионализација
-
АХВ воведе мерки за заштита од чума кај малите преживари и за Косово