Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
Португалскиот фудбалски репрезентативец Диого Жота и неговиот помлад брат Андре Силва ќе бидат погребани в сабота во нивниот роден град Гондомар, во близина на Порто, пренесуваат португалските медиуми.
Бдеењето започна утрово пред локалната црква каде што веќе се собираат роднини, пријатели и бројни обожаватели кои се простуваат од трагично загинатите фудбалери. Погребната церемонија ќе се одржи утре (сабота) од 10 часот по локално време.
Сè уште не е официјално познато дали погребот ќе биде отворен за јавноста или ќе се одржи во тесен семеен круг, но според наводите на британските медиуми, се очекува присуство и на португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза.
Жота (29), член на англискиот премиерлигаш Ливерпул, и неговиот брат Андре Силва (26), фудбалер на португалскиот клуб Пенафиел, загинаа во сообраќајна несреќа во шпанската покраина Замора, кога нивниот автомобил излетал од патот и се запалил.
Несреќата се случила во ноќта меѓу среда и четврток, околу 00:30 часот, при обид за престигнување друго возило, при што според првичните наоди, се дупнала гума на нивниот автомобил, што довело до губење на контрола.
Според шпанскиот весник „Марка“, огнот што го зафатил возилото се проширил и на околната вегетација. Браќата патувале од Порто кон Англија, каде Жота требало да им се приклучи на соиграчите од Ливерпул на подготовките за новата сезона.
Медиумите пренесуваат дека Жота неодамна имал мала медицинска интервенција и поради препорака од лекарите, избегнал патување со авион, по што заедно со братот тргнал на патување со автомобил и брод.
Семејството, навивачите и спортската јавност и понатаму се во шок по трагичната вест која го потресе светот на фудбалот.
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки