Грчкиот Парламент гласа за нов претседател на Грција

Во грчкиот Парламент утрово ќе се одржи специјалната седница за избор на нов претседател на Грција, на која пратениците ќе гласаат за владиниот предлог, Екатерини Сакеларопулу да биде нов шеф на државата, јави дописничката на МИА од Атина.
Седницата е закажана за 10.30 часот по локално време, не е предвидена расправа, туку само гласање на кое секој од пратениците, вкупно 300, ќе биде прозван и доколку има намера да го поддржи владиниот предлог, ќе треба да го изговори името на Сакеларопулу.
Досегашната претседателка на Советот на државата, што е највисокото судско тело во Грција, е на пат да стане првата жена претседател на земјата.
Според најавите од партиите, се очекува да добие поддршка од владејачката Нова демократија и од опозициските СИРИЗА и Движење на промена. Доколку сите пратеници од трите партии ја поддржат Сакеларопулу, таа ќе биде избрана при првото гласање, со широко мнозинство, над потребни 200 гласа.
Единствен кој, за сега, јавно соопшти дека нема да присуствува на гласањето, поради закажано патување во САД е поранешниот грчки премиер Андонис Самарас. Па така, без неговиот гласа, доколку нема други отсутни пратеници, очекувањата се дека денеска со 265 гласа, Екатерини Сакеларопулу ќе биде избрана за прва жена претседател на Грција.
По гласањето, според најавите, претседателот на Парламентот ќе замине во Советот на државата, на работното место на Сакеларопулу за да ѝ ги соопшти резултатите.
Свечената заклетва на новата грчка претседателка веројатно ќе биде на 13 март 2020 кога истекува мандатот на актуелниот грчки претседател Прокопис Павлопулос.
Заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката влада, Стелиос Пецас на вчерашниот редовен брифинг со новинарите и странските дописници рече дека Сакеларопулу е „обединувачки и меритократски избор“ и ќе биде „олицетворение на единството на нацијата“.
-Истовремено е опција од иднината што ја симболизира новата ера во која влезе земјата. И што има подобро од една жена да ја симболизира националната преродба на нашата татковина, истакна Пецас.
Ново на Сител
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
-

Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
-

Србија на чекор до избори; Студентите со порака до Вучиќ - Претседателе, конечно си надлежен
-

Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум
-

Во Албанија само во август 159 сообраќајни несреќи со 22 жртви, изречени над 47 илјади казни
-

ПМФЛ: Четврта победа на Струга на домашен терен без примен гол
-

Македонските фудбалери против Швајцарија стартуваат во ЛН
