Грчки навивачи отстранети од „Аустралиан Опен“ поради скандирање „Македонија е грчка“
Околу петнаесетина грчки навивачи кои редовно се појавуваат на натпреварите на неколку грчки тенисери на Аустралиан Опен вчера беа избркани од тениската арена за непримерно однесување и навреда кон другите тенисери. Овие навивачи редовно се појавуваат со знамиња со македонското сонце, со слики на Александар Македонски и во текот на натпреварите скандираат националистички пароли како Македонија е грчка.
Откако тениската арена од спортски натпревар се претвори во примитивна политичка и националистичка платформа менаџментот на „Аустралиан Опен“ реши ги отстрани од арената. На ова реагираа навивачите која го обвини менаџментот за расизам и се закани со тужби против „Аустралиан Опен“ пишуваат австралиските медиуми.
Навивачите беа непристојни и кон опонентите на тенисерот Циципас и тенисерка та Скарафа. Циципас се огради и рече дека Грците се чувствителни околу македонското прашање пишува Хералд Сан.
Ново на Сител
-

Во исто време има и грип и Ковид-19
-

Винаријата Монтеко го промовираше премиум виното Волкано
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче обвинува за предизборни притисоци
-

Лабудовиќ најавува нов плоштад Феникс во склоп на новата општинска зграда
-

Во Охрид премиера на претставата Парите се отепувачка
-

Преглед на вестите од светот
-

Предлог буџетот е остварлив, само ако парите се насочат кон вистински капитални проекти
