Граничниот премин Стар Дојран отворен за сообраќај
Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Граничниот премин Стар Дојран од синоќа е пуштен за секаков вид сообраќај. Преминот беше затворен поради штрајкот на грчките цариници, а беа пропуштани само пешаци
За време на штрајкот товарниот сообраќај при влез и излез во Грција беше во целосен прекин, додека автобускиот и патничкиот сообраќај функционираше со повремени прекини, односно 60 минути блокада и 15-ина минути пропуштање.
Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен
Ново на Сител
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
-

Балканскиот рис исчезнува
