Бизнис
2. February 2018 - 20:51

Граѓаните кои имаат дополнителни приходи да се регистрираат во УЈП - Годинава поселден пат се поднесува ГДП на шалтер

Граѓаните да се регистрираат на електронскиот систем на УЈП. За да можат догодина да добијат пополнета даночна пријава .Од 2019, пополнетата пријава ќе ја примаат по електронски пат.  Но за да се реализира ова околу половина милион физички лица ќе треба сами да се регистрираат навреме и имаат цела година за тоа, велат  од Управата. Оние кои немаат компјутери и мејлови помош ќе добијат од вработените во УЈП или пак ќе ополномоштат друго лице или сметководител  да ги регистрира.

-Примената ГДП од страна на резиденти на РМ имаат обврска да ја потврдат или корегираат до 31- ви мај 2019 . Автоматски се создава обврската за плаќање персоналец во рок од 30 дена, изјави Мухедин Авдиќ раководител во УЈП.

Обврската со која физичките лица сами ги пополнуваат и доставуваат пријавите ќе важи уште годинава до 15 ти март. Од УЈП повторуваат дека оние кои имаат приходи само од плата, пензија, како и самостојно вршење на земјоделска и стопанска дејност НЕ треба да поднесуваат пријави. Но треба да поднесат,  оние кои  на пример - земале  К15 кој се регистрира како дополнителен приход.

Новини има во  роковите и начинот на пријавување на приходите од кирија, капитална добивка, продажба на змејоделски производи како и приходите од странство. Тие сами ќе треба да поднесат електронска пресметка за приходот до 10ти во месецот.

Како и претходната година граѓаните го чекаат последниот рок за поднесување на пријавите. До крајот на јануари биле поднесени само 2 400. Од Управата апелираат оние кои не поднеле да не чекаат за да  ги избегнат шалтерските гужви.