Градоначалникот Трајановски се сретна со борците од НОБ
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска по повод 13 Ноември - Денот на ослободување на Скопје се сретна со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.
На средбата борците евоцираа спомени од ослободувањето на Скопје, а градоначалникот Трајановски изрази почит кон нив и благодарност за нивниот придонес во ослободувањето на Скопје.
Од име на борците Трајко Стаматовски му се заблагодари на Трајановски за добрата соработка и поддршката што тој им ја дава на членовите на Сојузот на борците. Во име на Градскиот одбор на Сојузот на борци од Народно-ослободителната антифашистичка војна, Стаматовски им го честита празникот на градоначалникот Трајановски и на сите жители на Скопје.
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати