Градоначалникот Трајановски ја посети општина Чаир
За општина Чаир следната година предвидени се три проекти, атмосферска канализација од улицата „Џон Кенеди“ до „Цветан Димов“, во вредност од 50 до 60 милиони денари. Булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“, од „Џон Кенеди“ до седиштето на општина Чаир ќе биде направен со четири ленти, а булеварот „Никола Карев“, (Пластичарска улица) ќе биде реновиран се до Американската амбасада.
Ова го истакна градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, кој во рамки на 13-от циклус посети на скопските општини, денеска беше во Чаир.
- Во координација со општина Чаир ќе ги разгледаме можностите за подобрување на сообраќајот на улицата „Цветан Димов“, за поголем проток, рече Трајановски, кој заедно со градоначалникот на Чаир Изет Меџити го посетија паркот на природата „Гази Баба“, во близина на ПМФ.
Трајановски информира дека јавните претпријатија на Град Скопје три дена ќе работат во општина Чаир. Ќе се доуредува зеленилото, ќе се чистат и мијат улици, ќе се собира сметот. ЈП „Улици и патишта“ ќе ги санира ударните дупки на локалните улици.
- Парк-шумата „Гази Баба“ се доуредува, се коси тревата, а ќе се изготвува и проект за систем за наводнување. Ќе се садат дрвца.. На почетокот на игралиштето зад ПМФ ќе се постават столпчиња за да се оневозможи движење на возила. Има и пашечка патека, која е осветлена во должина од 500 метри, рече Трајановски.
На новинарско прашање за гасифакација, Меџити рече дека е договорено штом ќе почне гасифакацијата на Скопје, Чаир да биде во првите три или пет општини. Според него, пред Нова година треба да почне изградбата на Бит-пазар.
Ново на Сител
-
Јанев: Полицијата е првата линија на одбрана на сообраќајната култура
-
За 5.1 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво
-
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Неапол и околината
-
Лани евидентирани 757 дивоградби, речиси сите се во приватна сопственост
-
Конзулатот е во комуникација со семејството на починатото девојче во Италија, велат од МНР
-
Во Милан очекуваат ветеранот Лука Модриќ да има лидерска улога во тимот
-
Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново
-
Сар: Израел е заинтересиран за воспоставување дипломатски односи со Сирија и Либан