Градоначалникот на Валандово не ја потпиша одлуката за референдум
Градоначалникот на Валандово Николче Чурлиновски денеска донесе решение со кое се запира објавувањето на одлуката за референдум која беше донесена од валандовскиот Совет на вонредната седница што се одржа на 3 јули.
Ваквиот потег на градоначалникот значи дека во рок од 40 дена не може да се организира референдумот што го бараше граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“, а беше поддржан од преку 2.000 граѓани на општина Валандово кои инсистираа преку референдум да се изјаснат дали се за или против продолжување со работа на рудникот „Казандол“ и дали се за или против отворање рудници на територијата на општина Валандово.
Активистите на „Спас за Валандово“ со огорченост велат дека градоначалникот ја погазил волјата на народот и посочуваат дека нивната борба нема да запре. Тие најавија преземање нови мерки, а правен лек имаат во закажување нова седница на општинскиот Совет на која доколку биде повторно донесена одлука за рапишување референдум, градоначалникот Чурлиновски не ќе може да го запре нејзиното објавување во Службен весник.
Ново на Сител
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен
-
Работодавачите не прифаќаат минимална плата од 30 илјади денари
-
15.000 жалби за превисоки сметки за струја: За в четврток најавен протест на жителите на Сингелиќ и Арачиново
-
Одложено судењето за сообраќајката во која загина Теодора Ристовска, обвинетиот бил во болница