Македонија
4. March 2025 - 16:36

До локалните избори половина година – партиите веќе на терен

И денеска сме на терен, во посета на ОК Сопиште на ВМРО-ДПМНЕ!...Денес бев во посета на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ... Силна и мотивирана екипа во Ѓорче Петров! ...ова се само дел од пораките кои можат да се најдат на официјалните ФБ страници на раковдството на ВМРО-ДПМНЕ.

Слична е сликата и на официјалните профили на СДСМ. Само вчера раководствотот на СДСМ било на три локални средби: Филипче во Кочани ги прзентира последните предлози на партијата за платите, Оливер Спасовски во Гази баба испрати порака „Заедно градиме силна партија, подготвена за сите предизвици!,.. „Секојдневно сме на терен, со членовите и со граѓаните. СДСМ јакне, енергијата и ентузијазмот се враќаат“, напиша генералниот секретар на СДСМ Димитриејевиќ. Не помалку активни на терен во општинските организации се и албанските партии. Последната недела од Вреди беа во Сарај, а од ДУИ со се Ахмети во Гостивар и Скопје. 

До локалните избори има уште половина година, но очигледно на партиите ги држат „будни’ гласачите како да гласањрто е за две-три недели. Според аналитичарите тоа се должи на три фактори.

Арсовски анализира и  зошто секоја од поголемите партии има мотив уште сега да истрача на терен.

Постојаната партиска битка на терен, со месеци пред официјалниот старт на кампањата е пракса која првично ја почна ВМРО-ДПМНЕ уште пред 10-тина година. Но ваквото темпо го прифатија и останатите партии. Слично како и сега, и на претходните локали избори, дури и без имиња за градоначланици партиите го „ораа“ теренот месеци пред гласањето.