Градоначалникот на општина Кисела Вода ги повика жителите да го испочитуваат продолжениот рок за легализација на дивоградбите
Денес, во големата сала на општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ додели 50 нови решенија за легализација. Заклучно со денешниот ден, бројот на легализирани дивоградби се искачи на 4357, односно, оваа локална самоуправа, по сите превземени мерки за олеснување на процесот на легализација на дивоградбите, легализираше 37% од пристигнатите 11 880 предмети.
Доделувајќи им ги решенијата на граѓаните, заедно со советникот од Советот на општина Кисела Вода, Горан Антовски, градоначалникот Беличанец-Алексиќ, ги информираше жителите на општината кои заради одредени причини не ги запазиле досегашните рокови за доставување на барањата и геодетските елаборати, дека од денес започнуваат да важат новите измени во Законот за легализација.
-Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните, Владата на РМ донесе законски измени со кои го продолжи рокот за комплетирање на поднесената документација и даде нов рок за поднесување барања за легализација на дивоизградените објекти. Од денес, сите оние кои заради одредени причини не доставиле барање за легализација до општинските служби, имаат можност тоа да го сторат до 31 март 2016 година. Притоа, за нив, рокот за доставување на геодетскиот елаборат е до крајот на 2017 година, а за граѓаните кои претходно имаат поднесено барање, рокот за докомплетирање на документацијата е до 31.12.2016 година. Секако, и во двата случаи, говориме за дивоградби што се изградени до 2011 година. Во насока на забрзување на процесот на легализација, новите измени во законот предвидуваат и можност за приватизација на објекти на приватно земјиште. Ова се овозможува само доколу претходно земјиштето било во државна сопственост, а по различни основи станало приватно- истакна градоначалникот Беличанец-Алексиќ.
Ново на Сител
-
Над 26 милиони рецепти реализирани во 2024 – стануваме поболна нација или хипохондрици?
-
Во Македонија младите се помалку се едуцираат за семејните вредности
-
Преговори Русија-Украина, без Путин и Зеленски
-
80 годишнина од кодификацијата на македонскиот јазик
-
Македонија останува атрактивна за странците
-
Вработен сум додека студирам - дали ги губам студентските права?
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на Кулакови против пресудата за Васил