Градоначалникот на францускиот град Мант-Ла-Жоли со поддршка за претседателот Иванов
Градоначалникот на францускиот град Мант-ла-Жоли, Мишел Виале, испрати писмо со поддршка на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во справувањето на првиот човек на македонската држава со политичката криза што предолго ја измачува земјата.
Првиот човек на овој француски град му посочува на Иванов дека неговите потези во однос на разрешница на македонската криза се вистински и дека Европа верува дека тие ќе донесат мирна разрешница на случувањата во Република Македонија.
- Господине Претседател на Републиката, актуелната ситуација во Република Македонија особено не загрижува сите и со големо внимание ги следиме одвивањата на настаните. Ние знаеме колку Република Македонија претрпе и продолжува да се справува со мигрантската криза и покрај тешката внатрешно-политичка ситуација во која што се наоѓа последниве години. Ние ја препознаваме и поздравуваме оваа помош кон Европа, во решавањето на мигрантската криза, наведува градоначалникот Виале на почетокот во неговото писмо-поддршка за Иванов
Првиот човек на францускиот град Мант-Ла-Жоли му посочува на македонскиот претседател дека во неговиот град, покрај околу 50-те илјади жители, има и Македонци кои го сензибилизирале за актуелната политичка ситуација во Македонија.
- Ви ја искажувам мојата целосна поддршка, господине Претседател на Републиката, за сите ваши напори направени и предвидени во решавањето на кризата во државата. Ние се надеваме дека Република Македонија ќе пронајде решение што ќе ги задоволи жителите на Македонија, кои се загрижени за нивната иднина. Исто така, се надеваме Македонија да ја сочува основата на мултиетничките и мултикултурните принципи. Ние се надеваме и очекуваме мирно и демократско решение, кое ќе и овозможи на Република Македонија како земја наскоро да се приклучи кон Европската унија, наведува градоначалникот на Мант-ла-Жоли во писмото до Иванов.
На крајот во неговото писмо до Ѓорге Иванов, првиот човек на францускиот град кој е оддалечен 50 километри од Париз, уште еднаш му ја искажува својата подршка и почит на претседателот на Република Македонија.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?