Градоначалникот на Чикаго до Трамп: Не сакаме тенкови на нашите улици
Градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, го отфрли потенцијалното распоредување на Националната гарда во градот од страна на американската федерална влада, откако синоќа потпиша извршна наредба за да се спротивстави на претстојната репресија против имиграцијата.
Осврнувајќи се на распоредувањето на силите во Вашингтон од страна на американскиот претседател Доналд Трамп претходно овој месец, Џонсон рече: „Не сакаме да видиме тенкови на нашите улици“.
По наредба на Трамп може да има зголемени проверки на дозволите за престој, предупреди градоначалникот.
-Добивме веродостојни извештаи дека имаме денови, а не недели, пред нашиот град да види некаков вид милитаризирана активност од страна на федералната влада. Во моментов не е јасно како точно ќе изгледа тоа, рече Џонсон.
„Можеби ќе видиме милитаризирано спроведување на имиграциските закони. Можеби ќе видиме и војници на Националната гарда. Можеби дури и ќе видиме активни воени и вооружени возила на нашите улици. Ние тоа не сме го побарале. Нашите луѓе не го побарале тоа, но сепак, се наоѓаме во ситуација да мора да одговориме на тоа“, рече градоначалникот на Чикаго .
Градоначалникот рече дека, во светлината на оваа можност, потпишал извршна наредба со која им наложува на сите градски владини одделенија да ги заштитат жителите од дејствија на федералната влада.
Соодветно на тоа, локалната полиција не треба да „соработува со воениот персонал во полициски патроли или спроведување на цивилна имиграција“, рече Џонсон.
Демократот Џонсон додаде дека „непредвидливата, импулсивна“ природа на администрацијата на Трамп го отежнува предвидувањето дали ќе продолжи со распоредувањето и го повика републиканскиот претседател да „се предомисли“.
Трамп претходно овој месец ја активираше Националната гарда со цел да го ограничи наводно неконтролираниот криминал во Вашингтон, кој, исто, така е управуван од демократски градоначалник. Полициската статистика не дава никакви докази за зголемување на криминалот во главниот град на САД.
Претседателот посочи дека Чикаго би можел да биде следниот град каде што тој верува дека треба да се воспостави ред.
Според него, криминалот во овој град е надвор од контрола. Џонсон вели дека убиствата, грабежите и пукањата значително се намалиле во текот на изминатата година.
Ново на Сител
-
Разбиена голема криминална организација на грчкиот остров Крит – уапсени 48 лица
-
РСБСП: Да ги заштитиме децата во сообраќајот
-
Обвинетите во „Геријатрија“ неиграат вина за примање поткуп за болнички прием
-
ЈП ПОЦ: Минатата недела санкционирани 100 непрописно паркирани возила во Центар
-
Нови правила за одобрување возила
-
ЕУ ослободи осум милиони евра од првата транша за Македонија преку Инструментот за раст за Западен Балкан
-
Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година
-
Славески: Процесот на дезинфлацијата ќе продолжи, а инфлацијата ќе се врати на историските 2%