Градоначалникот Јакимовски го посети ООУ „Вера Циривири- Трена“
Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска го посети ООУ „Вера Циривири- Трена“. Ова е шесто училиште од вкупно десет, кое од 15 октомври 2015 година користи сопствено греење.
- Станува збор за употреба на геотермални пумпи и користење обновливи извори на енергија, со што даваме придонес во подобрување на еколошката состојба во општина Карпош. Ги исполнуваме условите на протоколот 20/20/20. Тоа значи, 20 отсто намалување емисија на штетните гасови во атмосферата, 20 отсто користење обновливи извори на енергија и 20 отсто заштеда на енергија , рече Јакимовски.
Тој информира дека инвестицијата во грејниот систем во ООУ „Вера Циривири-Трена“ ја чини општина Карпош 4.500.000 денари. Училишниот објект, како што рече, годишно ќе се грее за седум до осум илјади евра.
Јакимовски истакна дека со реконструкција и поставување термо-фасади и монтирање нови прозорци во сите училишта, веќе е регистрирана намалена потрошувачка на енергија за 60 отсто. Најави дека наскоро ќе го применат системот на загревање во ООУ „Димо Хаџи Димов“, со т.н печка со „дрвен чипс“.
Ново на Сител
-
Хајрлуахи: Прават дефокус од Рекет 2
-
СДСМ: АНБ да ги декласифицира документите
-
Владините возила добија црвени таблички
-
„Синот“ на струмичкиот театар го отвори 33. фестивал „Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија