Град Скопје најави нов парк во Општина Чаир
Во рамки на програмата „За Модерно Скопје“, Град Скопје најави дека во соработка со Општина Чаир ќе биде изграден нов мега-парк кој ќе се протега на просторот на улица „Македонско Косовска Бригада“ од крстосницата со улица „Втора Македонска Бригада“ до крстосницата со улица „Џон Кенеди“.
- Мега-паркот ќе се простира на површина од 30.000 метри квадратни, а ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и тревник. Воедно во паркот се предвидени 2 нови спортски игралишта, нови 2 детски игралишта, 2 паркови површини за миленици, еден фитнес дел, 26 нови летниковци, нови урбана опрема, пешачки патеки и фонтани, информираат од Град Скопје.
Оттаму велат дека програмата „За Модерно Скопје“ ќе биде реализирана во целост за да можат да добијат граѓаните на главниот град нови зелени паркови и површини.
Ново на Сител
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
