-->
-->
Град Скопје испрати помош за поплавените делови на Македонија
-->
Град Скопје испрати техничка помош и механизација за поплавените подрачја во Охрид и околината.
Од Град Скопје денеска информираат дека се испратени две цистерни за влечење вода од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, едно противпожарно теренско возило, како и две моќни пумпи за испумпување на вода.
Покрај техничката помош, на терен во поплавените делови испратена е и екипа пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје, поголем број лица од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, како и од јавните претпријатија.
- Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ќе ја прати состојбата на терен и доколку има потреба ќе испрати дополнителна помош, се наведува во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Негативен природен прираст на истокот
-
Затворен атмосферски канал во Прилеп со поставување на цевки и со подготовки за урбанизација
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје