Гостување на израелскиот џез-пијанист Нитаи Хершковиц
Во рамки на циклусот разговори „Астрорум“ вечер во книжарницата „Литература.мк“ ќе гостува израелскиот пијанист и композитор Нитаи Хершковиц, еден од најистакнатите светски џез-пијанисти од помладата генерација.
Преку концертна промоција на своето прво авторско издание насловено „I Asked You a Question“, тој ќе и се претстави и на македонската публика утревечер од 20 часот во Домот на АРМ.
- Познат по неговата виртуозност и длабока емоција, Хершковиц по четиригодишната плодна соработка со врвниот израелски басист Авишаи Коен, од неодамна ја почна својата самостојна солистичка кариера, соопшти Литература.мк.
Посетителите на настанот во книжарницата „Литература.мк“ ќе можат да купат книги од богатото книжевно наследство на еврејскиот народ (дела на Марсел Пруст, Борис Пастернак, Бруно Шулц, Џ. Д. Селинџер и др.), во издание на „Арс Ламина“ и со попуст од 20 отсто.
Како дел од циклусот настани во „Литература.мк“ кои се одвиваат под мотото „Астрорум“, минатиот петок се одржа и средба со светски познатиот гитарист Скот Хендерсон, пред концертот со неговото трио во Домот на АРМ.
Со тој настан Литература.мк го почна циклусот настани „Астрорум“ во кој планира гостувања на ѕвезди од културата и уметноста.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени