Македонија
1. November 2018 - 17:34

Гостиварец нападнат и ограбен пред спортска обложувалница во Скопје од обезбедувањето

Вчера во 18,20 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, С.Ѓ.(38) од Гостивар, пријавил дека истиот ден во времето од 16,00 до 17,00 часот во Скопје, на улица „Ѓорче Петров“ во спортската обложувалница вработен во обезбедувањето му побарал наводен паричен долг од 1.000 денари, а откако настанала вербална расправија, истите излегле надвор и се упатиле позади објектот на обложувалницата, каде имало уште две непознати лица.

С.Ѓ. бил физички нападнат, а му биле одземени и пари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.