„Господ постои името и е Петрунија“ премиерно и во Штип
„Господ постои името и е Петрунија“ денеска премиерно и во Штип. Филмот кој собра повеќе награди, меѓу кои и две на престижниот филмски феситвал во Берлин, ќе може да го види и штипската публика. Проекцијата на филмот е закажана за во 18 и 20 часот, во Домот на културата, а влезниците по цена од 100 денари се пуштени во продажба.
–Филмот доживеа многу голем успех, пред да се направи премиера беше претставен во Берлин каде што од одборот на уметници беше награден, а потоа се дистрибуираше низ Европа. Се што е убаво направено се гордееме сите, 90 отсто од филмот е снимен во Штип. Штип на некој начин станува филмски град , вели актерот во Владимир Тулиев, кој учествуваше во овој филм.
Филмот „Господ постои името и е Петрунија“ е инспириран од одбележувањето на празникот Водици во Штип, кога за првпат крстот го фати жена, што го отвори прашањето дали лица од женски пол, според црковните канони смеат да учествувата во овој ритуал.
Ново на Сител
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?