Горивата поскапуваат за половина денар
За половина денар ќе се зголеми цената на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства од ноќеска на полноќ, одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика.
Литар Еуросупер БС-95 ќе чини 63 денари, а Еуросупер БС-98 ќе се продава за 65 денари. Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 50,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинства 39 денари. Зголемување од 1,795 денари има кај малопродажната цена на мазутот М-1 НС и за килограм од тој енегренс ќе се плаќа 21,883 денари.
Малопродажната цена на нафтените деривати во просек е зголемена за 2,06 проценти.
Регулаторната комисија за енергетика ја донесе одлуката за цената на горивата врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели, како и курсот на денарот во однос на доларот.
Ново на Сител
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините
-
Пропадна уште една акција за рушење на дивоградби во Кочани
-
Летово во Дојран повеќе транзит туристи отколку домашни
-
Црквите говорат за нашето наследство