Големо парче мраз се распадна на Гренланд
Големо парче мраз се одвои од најголемото ледено подрачје на Арктикот, на североистокот на Гренланд.
Скршениот дел опфаќа околу 110 квадратни километри, а сателитските снимки покажуваат дека се распаднал на многу мали парчиња, пренесува Би-Би-Си.
Ледените плочи се топат и се распаѓаат со застрашувачка брзина, а климатолозите предупредуваат дека тоа ќе предизвика катастрофално покачување на нивото на морето со текот на времето.
Во едно неодамнешно истражување, научниците предвидуваат дека Гренланд и Антарктикот ќе станат дел од најлошото климатско сценарио, ако ледените слоеви продолжат да се топат со ова темпо, поради што крајбрежните заедници со милиони жители ќе бидат најзагрозени.
Во студија објавена во научното списание „Nature Climate Change”, научниците споредија сателитски слики на топење мраз користејќи податоци од климатски модел објавени во извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени во 2015 година.
Стапката на топење на мразот не остана постојана, таа забрзуваше во последните неколку години, а она што е особено загрижувачко е што само помеѓу 2007 и 2017 година, нивото на морето се искачи за 1,2 сантиметри.
Ново на Сител
-
Бошњаците бараат кривично да се казнува негацијата на геноцидот во Сребреница
-
Реакција по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ
-
Нов дефект во РЕК Битола - ЕСМ се сомнева во саботажа
-
Три лица на скопските клиники, по вчерашната улична пресметка со нож во Чаир
-
Новиот министер за здравство има идеи за сообраќајниот хаос на Клинички, за кратко време и решение
-
Завршни зборови на обвинетите
-
Бјере: Сега е моментумот за проширување
-
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар