-->
-->
Големиот талент Санчез на продажба
-->
Минхенски Баерн, најтрофејниот германски клуб, зад себе има сезона која не може да ги задоволи клупските амбиции. Баерн сезоната ја заврши само со трофејот во Бундеслигата.
Освојувањето на само една од можните три титули малку го запали алармот кај Карло Анчелоти, тренерот на Баварците.
Италијанецот за наредната сезона планира да го освежи тимот.
Филип Лам и Чаби Алонсо ставија крај на кариерите, а, најверојатно, во екипата ќе нема место за Бразилецот Даглас Коста и Португалецот Ренато Санчез.
Овие двајца не добиваа многу шанси од Анчелоти, особено тоа важи за Санчез, за кого Баерн на почетокот на сезоната плати 35 милиони евра.
Парите од продажбата на овие двајца Анчелоти ќе ги искористи за купување на Алексис Санчез од Арсенал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста до 13 часот на ниво на држава е 20,16%
-
Зеленски: Русија употреби 50 ракети, 3.270 дронови и 1.370 бомби оваа недела
-
Матео Мекачи шеф на набљудувачката Мисија на ОДИХР: Не е битен само изборниот ден, туку и предизборните процеси, како и тие по изборите
-
ЈОРСМ: До овој момент генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес
-
Локални избори 2025, вести во 12:00 на Сител Телевизија
-
Пожар во куќа во Драчево
-
Прегазена 74-годишна жена во Ресен
-
Израелската војска почна напад врз Газа, јавија израелските медиуми