Големи поплави во Канада, исчезнати четири лица | ВИДЕО
Дождот што ја погоди атлантската канадска провинција Нова Шкотска, според официјални лица, е најсилен во последните 50 години. За помалку од 24 часа во областа наврнале околу 250 мм дожд, што одговара на количината што паѓа во просек за три месеци
Четири лица, меѓу кои две деца, се водат за исчезнати од саботата во поплавите предизвикани од обилните врнежи во провинцијата Нова Шкотска, во источна Канада.
Двете исчезнати деца биле во автомобил кој бил потопен од надојдените води, а еден маж и едно младо лице се исчезнати откако возилото во кое се наоѓале исто така било потопено, јави Би-би-си.
Дождот што ја погоди атлантската канадска провинција Нова Шкотска, според официјални лица, е најсилен во последните 50 години. За помалку од 24 часа во областа наврнале околу 250 мм дожд, што одговара на количината што паѓа во просек за три месеци.
Невремето започна во петокот, предизвикувајќи големи поплави и материјална штета. Илјадници домови се оставени без електрична енергија, а во делови од протвинцијата Нова Шкотска е прогласена вонредна состојба.
Оштетни се и патишта, а најмалку седум моста ќе треба да се санираат поради штетите од невремето.
Поплавите се најновиот екстремен временски настан што ја погоди североисточна Канада, по неодамнешните шумски пожари кои пеплосаа рекордна површина.
Ново на Сител
-
Поранешниот директор на Геријатрија не се чувствува виновен за примањето 20.000 евра поткуп
-
Се уште е во финална фаза формирањето на странска комисија која ќе ги проверува наводите на д-р Кедев
-
ДЗС: Бројот на работници во индустријата намален за 4%
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари