Џет-Сет
11. September 2017 - 11:47

Голема загуба за кантри музиката: За два часа починаа две легенди

Американската кантри музика викендов во рок од само неколку часа загуби свои двајца великани, јави Би-Би-Си.

Прво, на 78-годишна возраст по кратко боледување почина Дон Вилијамс, а набрзо потоа во хеликоптерска несреќа загина и 50-годишниот Трој Гентри.

Вилијамс својата кариера ја започна во 1971 години и во својот опус остави голем број песни, од кои 17 се најдоа и на врвот на кантри топ листата. Покрај за себе, тој компонираше песни и за многу познати пејачи како Ерик Клептон и Пит Таунсенд. 

Гентри, пак, загина во хеликоптерска несреќа кај местото Медфорд во сојузната држава Њу Џерси. Причините за авионската несреќа засега не се поснати.

Гентри од 1999 година заедно со неговиот брат го основаше дуото „Монтгомери Гентри“, кое објави осум студиски албуми.