Голема полициска акција во Србија, уапсени 66 лица
Даночната полиција за првите седум месеци оваа година открила 102 „фантомски“ и „пералници“ претпријатија, кои претставуваат главен извор на сивата економија, што е за дури 36 отсто повеќе од истиот период лани, изјави за „Вечерње новости“ Драгана Марковиќ, директорка на Даночната управа на Србија.
Таа истакна дека Секторот на даночната полиција од јануари до крајот на јули поднел до надлежните обвинителства кривични пријави против 1.116 лица за сторени 1.024 кривични дела, при што е избегнат данок од 6,5 милијарди динари,односно околу 55 милиони евра.
Според неа, 66 лица се уапсени.
Марковиќ додаде дека инспекторите во првите седум месеци во 2.162 контроли утврдиле неправилност во пресметувањето на јавните приходи.
- Пресметани се новооткриените јавни приходи во износ од 15 милијарди динари (околу 130 милиони евра) најмногу кај ДДВ - 6,9 милијарди динари (околу 58 милиони евра), акциза - 3,5 милијарди динари (околу 30 милиони евра), даноци и придонеси со одбивка - 3 милијарди динари (околу 25 милиони евра) и данок на добивка - 1,4 милијарди динари (околу 11 милиони евра), истакна таа.
Ново на Сител
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
МОН: Учебници за сите ученици на стартот на новата учебна година
-
Полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце