Голем пожар беснее во Шиштавец, Горанците бараат интервенција од воздух
Пожар со големи размери беснее во областа Гора, Албанија населена главно со Македонци познати како Горани.
Пожарот е во атарот на селото Шиштевац, не ја поштеди ниту туристичката точка „Утрински камен“, најатрактивната област на природниот парк Кораб-Калабак-Коретник.
- Село Шиштавец, област Гора, се соочува со тешка ситуација по избувнувањето на големиот пожар. Како одговор на оваа вонредна состојба, жителите на селото излегоа на терен за да помогнат во напорите за гаснење на пламените јазици. Сепак, недостапниот и стрмен терен и ветерот ја прават оваа задача исклучително тешка, објави весникот „Илинден".
Додава дека во гаснењето се вклучени и припадници на противпожарната бригада од Кукс и други институции, но тоа иди тешко.
- Итно се бара интервенција од воздух бидејќи копнените операции се недоволни за да се справат со ситуацијата. Интервенцијата од воздух е од суштинско значење за да се спречи понатамошно ширење на пожарот за да не биде предоцна бидејќи се шири кон селото, гласи апелот на Горанците.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето