-->
-->
Голд куп: Финале за Јамајка и Мексико
-->
Фудбалските репрезентации на Јамајка и Мексико ќе играат во финалето на Голд купот, континеталното првенство на Северна и Средна Америка и Карибите кое се одржува во САД.
Репрезентацијата на Јамајка приреди првокласна сезнација со победата над домаќинот и бранителот на титулата САД (2:1), додека Мексико славеше уште една контроверзна победа, со два пенали Мексиканците ја елиминираа Панама (2:1).
На стадионот во Атланта Јамајка упати три удари во рамките на голот на САД од кои два завршија во мрежата. Најпрвион Матокс го отвори резултатот, а потоа предноста на ’реге бојс’ ја зголеми Барнс.
На стартот од второто полувреме Бредли ја намали предноста на Јамајка. До крајот Американците напаѓаа, Бредли ја погоди и стативата, но резултатот остана непроменет.
Јамајка се избори за своето прво финале на Голд купот, а противник ќе и биде Мексико кој ќе се бори за 10-та титула.
Мексиканците со огромна судијска помош славеа над Панама. Панамците играа со играч помалку од 24.минута поради црвениот картон на Тахедо. Сепак Торес во 56.минута постигна гол за водство.
Во моментите кога се чинеше дека Панама ќе игра во финалето, судијата Гајгер досуди сомнителен пенал за Мексико. Прецизен од белата точа во 89.минута беше Гуардадо.
Истиот играч беше прецизен од пенал и во 105.минута.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен 68-годишник кој три години силувал, снимал и се заканувал на малолетник
-

Земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка - Кривична пријава за три лица
-

Муцунски за уставните измени и спорот со Бугарија: Кардиналните грешки на нашите претходници не може да се решат преку ноќ, планирам средба со мојот бугарски колега
-

Три години силувал и злоупотребувал дете за креирање на порнографски содржини - Обвинителството побара притвор
-

Биљана Ангелова реизбрана за ректорка на УКИМ
-

Трамп: Американците немаат поблиски сојузници од Британците
-

Светска банка: Цените на енергенсите ќе пораснат за 24 отсто во 2026 година поради кризата на Блискиот Исток
-

Виктор Орбан предлага да се повлече од раководството на партијата ФИДЕС, одлуката ќе биде донесена во јуни
