-->
-->
Голд куп: Две средби без победник
-->
Натпреварите одиграни во рамките на првото коло во Б групата на Голд Купот завршија без победник. Костарика и Јамајка одиграа 2:2, додека без голови заврши мечот Канада-Ел Салвадор. Прв пат во историјата на Голд Купот на првите четири средби се забележани четити нерешени резултати, откако во А групата Хаити и Панама одиграа 1:1, додека победа забележа само селекцијата на САД против Хондурас (2:1).
Фаворитот во Б групата Костарика, која на Мундијалот стигна до четвртфиналето, без неколкумина важни играчи за тимот, меѓу кои и голманот Кејлор Навас, ремизираше со Јамајка 2:2.
‘Реге Бојс’ стигна до предност по 12 минути преку Меклири, но Костариканците до крајот на првиот дел направија пресврт преку Милер и Рамирес. Во второто полувреме конечниот резултат го постави Мекиниф.
На вториот меч во Торонто кодомаќинот Канада одигра 0:0 со Ел Салвадор кој имаше огромна поддршка од трибините.
Во второто коло во Б групата ќе играат Јамајка-Канада, односно Костарика-Ел Салвадор.
Ноќта помеѓу четврток и петок ќе стартуваат дуелите во Ц групата: Мексико-Куба и Гватемала-Тринидад и Тобаго.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Турски државјани натепале скопјанец на Бит Пазар
-
В недела предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
ИЈЗ: Три случаи на конго-кримска хеморагична треска, еден случај на морбили
-
ЦУК: Турист од Холандија удрил во камен во Охридско Езеро, пренесен во болница
-
Во текот на 2023 година во земјава се родиле 14 деца од мајки помали од 15 години
-
Столтенберг: Украина има право да напаѓа цели во Русија
-
Вучиќ: За мене изборите завршија, ќе има многу важни одлуки на Сесрпскиот собор
-
Османи за експропријациите на север: Косово го испочитува законот, на сојузниците да им се објасни детално