Го направиле татко на 17 деца – сега ги тужи за оштета од 5 милиони долари
Кога бил студент по медицина во 1989 година, Брус Клири донирал сперма на Универзитетот во Орегон, со цел преку истражувањата од научните тимови на универзитетот да им помогне на луѓето кои не може да имаат деца.
Денеска докторот го тужи истиот универзитет за измама. Кога дал сперма , му рекле дека со неа ќе бидат зачнати најмногу пет деца на источниот брег на САД.
Откако дознал дека биле зачнати најмалку 17 деца, од кои скоро сите се родени во Орегон на американскиот Западниот брег, Клири решил да го тужи универзитетот и бара да му платат 5,25 милиони долари, тврдејќи дека тој е жртва на измама и дека е емотивно потресен од веста дека тој е татко на 17 деца за кои никогаш не знаел дека постојат, пренесува Си-Ен-Ен.
Сакав да им помогнам на луѓето кои не можат да имаат деца заради неплодност и бев убеден дека ОХСУ ќе работи професионално и ќе го исполни ветувањето. Неодамна дознав дека ветувањето што универзитетотми го даде е лага“, рече тој.
Портпаролката на ОХСУ, Тамара Харнс-Бредли, изјави дека универзитетот ќе го сфати случајот сериозно, но не може веднаш да коментира за да ја заштити приватноста на пациентите.
Клири, кој има три сина и посвоена ќерка со сопругата, дознал дека тој е татко на 17 други деца кога бил контактиран од неговите двајца биолошки синови во март минатата година. Тие дознаа за Клири преку користење податоци од клиниката за неплодност на ОХСУ и од Ancestry.com.
Клири потоа испратил примерок од сопствената ДНК на Ancestry.com, а потоа дознал вест што го шокирала.
Знаев дека нешто не е во ред кога ги добив резултатите. Имаше премногу совпаѓања кои не можеа да се случајни“, додаде Клири.
25-годишната Алисен Али, која беше зачната од спермата на Клири, на прес-конференција изјави: „ОХСУ изгледа дека не зел предвид дека станува збор за создавање човечки суштества и дека ние бевме само бројки на кои тие заработија пари“.
Клири ја донирал спермата како студент на барање на клиника за неплодност со седиште во ОХСУ. Тој тврди дека на клиниката му ветиле дека спермата ќе се користи само во научни цели и во третманот на неплодност за најмногу пет случаи далеку од неговито роден град.
Во својата тужба, тој тврди дека бројот на неговите биолошки деца би можел да биде уште поголем бидејќи на клиниката не се евидентирани информации каде ја испратиле донираната сперма.
Ново на Сител
-
Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија
-
Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 120
-
Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод
-
Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари
-
На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути
-
Мицкоски: Нема предвремени избори, време е за голема офанзива на секој план, народот сака подобар стандард
-
ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори
-
Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок