Го изрешета пред неговата девојка: Таа се сопна и се спаси од сигурна смрт
Брутално убиство се случи на Флорида кога маж е застрелан 13 пати во стилот на „егзекуција“, а неговата девојка била покрај него.
Убиството се случило на паркингот пред рибниот пазар.
Гери Валок (34) е снимен од страна на безбедносните камери како со својата девојка влегува во возило пред продавницата за морски плодови некаде околу 6 попладне.
Одеднаш пред нив се појави човек со пиштол кој пукал во Валок, свртен со грб, дури и кога тој паднал.
Валок е прогласен за мртов на место, а неговата девојка која сето тоа го видела, се извлече без повреди. Полицијата вели дека веројатно тоа што испаничила и го спасило животот.
Полицијата се обидува да открие што повеќе детали за злосторството, а за сега е познато дека Валок живеел во Америка со својата ќерка многу кратко, таму дошол од Јамајка.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ